Анѓела Јакимовска е наша претставничка на „Miss Globe 2020“. Младата Македонка моментално престојува во Драч, Албанија, каде синоќа се одржа изборот за Мис бикини во рамките на натпреварот за убавина.
24-годишната девојка со видео ѝ се претстави на јавноста.
„Верував во моите соништа, па за неколку години изградив кариера во модната индустрија“ – вели Анѓела во видеото. „Сè што треба да знаете за мојата земја е тоа дека Македонците се луѓе со многу топло срце“ – додава таа.
Големото финале ќе се одржи на 14 ноември.