Само еден месец откако беше објавено дека Натали Портман потпиша договор за соработка со француската модна куќа Диор, се појавија првите рекламни материјали со младата актерка.
29-годишна ѕвезда од популарниот филм „Black Swan“ позираше за рекламата на парфемот Miss Dior Cherie.
Натали позира топлес и со рацете умешно ги крие своите гради додека заводливо гледа во објективот на фотоапаратот. Фотографиите ги направи познатиот фотограф Тим Вокер уште пред Портман да објави дека е бремена.
Телевизиската реклама, која е режирана од Софија Копола, ќе се појави во март.
Среќната Портман пред неколку дена изјави дека ужива во бременоста и дека со нетрпение очекува да се здебели, особено затоа што за „Black Swan“ беше принудена значително да ослаби.