Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Натали Портман „гола“ за Диор

ФОТО: Натали Портман „гола“ за Диор

Натали Портман позираше гола за новата рекламна кампања за козметичките производи на Диор. Се разбира, нема ништо скандалозно и непристојно во фотографиите и видеото, бидејќи како што би се очекувало од Диор и Портман, сè е направено со вкус и стил.

Голотијата која е ставена во преден план треба да потсетува на името на линијата козметички производи „Nude“.

Натали Портман за Диор

На фотографиите направени од Марио Соренти, Натали позира разголена и со минимална природна шминка на лицето.

„Таа поседува суптилна комбинација од шарм и чистота и знае како да си игра со заводливост додека го претставува идеалот за природна блескава убавина“ – изјавил претставник на Диор за убавата Оскаровка.

Натали Портман за Диор

Погледнете видео од снимањето на кампањата:

Натали е заштитно лице на Диор од декември 2010 година. Минатата година таа беше главна ѕвезда во кампањата за парфемот Miss Dior Cherie.

Натали Портман во рекламата за парфемот Miss Dior CherieНатали Портман во рекламата за парфемот Miss Dior Cherie

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18959 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.