Нова реклама на Натали Портман за маскара Диор е забранета во Велика Британија. Рекламата за маскарата „Diorshow New Look“ никогаш не смее да биде објавена, бидејќи трепките на Портман се дело на Фотошоп.
Според „Advertising Standards Authority“, рекламата ги наведува потрошувачите да мислат дека производот дава фантастичен резултат, кој всушност е постигнат со дигитална обработка. Од Диор признале дека за фотографијата бил користен Фотошоп, но тврдат дека корекциите биле минимални.
Ова не е првпат „Advertising Standards Authority“ да забрани реклама на моден или козметички бренд.
Реклама на „Drop Dead“
Забранета поради анорексичниот изглед на манекенката, кој испраќа лоша порака.
Реклама на Lancome
Забранета поради преголема употреба на Фотошоп на лицето на Џулија Робертс.
Реклама на Marc Jacobs
Забранета поради положбата на парфемот помеѓу нозете на Дакота Фенинг. Според ASA, положбата на парфемот е сексуално провокативна, а на фотографијата Дакота изгледа помала од 16 години (иако таа веќе имаше наполнето 17 години), па рекламата може да се сфати како „сексуализација на дете“.
Реклама на Miu Miu
Рекламата со 14-годишната Хајли Стајнфилд беше оценета како неодговорна, бидејќи покажувала „дете на небезбедна локација“, т.е. пруги за воз. ASA ја обвини Прада дека со рекламата би можеле да поттикнуваат мали деца да си играат на пругите и поради тоа беше и забранета.
Реклама на YSL
Рекламата за парфемот „Belle D'Opium“ на Yves Saint Laurent беше забранета зашто симулирала употреба на дрога. Во видеото моделот поминува со својот прст по внатрешната страна на раката. Токму тој потег според ASA потсетува на земање на опојни средства и каков таков е неодговорен и неприфатлив за емитување на ТВ.
Оправдано забранети или не?