Џо Манганиело уште еднаш ги разбуди женските фантазии. Мускулестиот актер се разголи за списанието „Men’s Health“, покажувајќи ги резултатите од напорните тренинзи.
36-годишната ѕвезда од „True Blood“ во интервју за списанието призна дека Арнолд Шварценегер е идолот кој го мотивира напорно да работи на одржување на своето тело.
„Арни беше херој за мене. Тој е причината поради која секое момче од нашата генерација започна да вежба. Да снимам филм со него во текот на четири месеци беше прекрасно. А тој сè уште тренира секој ден“ – изјавил Манганиело.Арнолд и Џо ги имаат главните улоги во филмот „Ten“, чија премиера е закажана за јануари 2014 година.