Моника Белучи и во шестата деценија од животот изнудува силни комплименти. 51-годишната Италијанка шармираше со безвременска елеганција на премиерата на „Spectre“.
На лондонската свеченост, популарната „Бонд дама“ носеше долг кадифен фустан во драматична нијанса од модната куќа Ralph & Russo.
„Неверојатно е што сум тука“ – рекла Белучи.
Ѕвездите од филмот „Spectre“, Даниел Крег и Леа Сејду, исто така ги задржуваа погледите на љубопитните новинари и фанови. За светската премиера, Леа избра блескав фустан од Prada.