Моника Белучи и Даниел Крег се ѕвездите од ноемвриската насловна страница на „GQ“ UK. Актерите од филмот „Spectre“, чија премиера е закажана за следниот месец, позираа за познатиот фотограф Ранкин.
51-годишната Италијанка во интервју за машкото списание ја опишала својата улога во новиот филм за Џејмс Бонд. „Кога ја опишувам мојата улога, велам Јас сум Џејмс Бонд жена или Џејмс Бонд дама. Поради мојата зрела возраст, не можам да кажам дека сум Бонд девојка. Мојот лик е италијанска вдовица со тајна. Нејзиниот сопруг мафијаш е убиен, а има ризик истото да ѝ се случи нејзе“ – рекла таа.
Белучи се најде и на страниците на новото издание на „Vanity Fair“, заедно со Бонд девојките Леа Сејду и Наоми Харис. Фотографијата од трите актерки е дело на Брајан Адамс.