Големите манифестации како доделувањето на SAG наградите ги предизвикуваат холивудските ѕвезди да дадат сè од себе за да го постигнат оној „wow“ ефект кога ќе се појават на црвениот тепих.
Некои се разбира успеваат, а други остануваат незапаметени. Изминатиот викенд SAG наградите беа како генерална проба пред најсвечениот настан, доделувањето на Оскарите.
Ако може да се издвојат неколку трендови на црвениот тепих, тоа се: белата боја, силната црвена боја, фустаните со кратки ракави, длабоките деколтеа и се разбира, сè почесто присутната светло корална боја.