Конечно пристигна новиот дел од филмскиот хит „The Hunger Games“. Синоќа во Берлин се одржа премиерата на „The Hunger Games: Mockingjay – Part 2“ на која заблескаа ѕвездите од популарниот филм.
Елизабет Бенкс шармираше во креација од есенската колекција висока мода на Ели Сааб. Впечатлив елемент во стајлингот на 41-годишната актерка беше златниот моден додаток за коса од талентираниот либански дизајнер.



Џенифер Лоренс очекувано зачекори на црвениот тепих во креација од високата мода на Dior. Виолетовиот фустан со длабоко деколте 25-годишната Оскаровка го надополни со накит од Neil Lane, а нејзината коса беше собрана во едноставна елегантна пунџа.





За свеченоста, Џулиен Мур избра црн фустан со карнери. Креацијата доаѓа од колекцијата пролет/лето 2016 на Џејсон Ву.


Натали Дормер, која се прослави со улогата во „Game of Thrones“, носеше фустан од Ролан Муре. Разнобојната креација е дел од есенската колекција на францускиот дизајнер.



Мишел Форбс се појави во светликава креација од Michael Costello и чантичка од Rauwolf.


Џена Малоун избра волуменозна креација од колекцијата пролет/лето 2016 на Рим Акра, чантичка од Rauwolf и обувки од Brian Atwood.


Вилоу Шилдс носеше дизајнерско парче од капсулната колекција на Marni. Својот стајлинг таа го надополни со чантичка од Rodo и накит од Maxior.


На премиерата се појавија и актерите од филмскиот хит - Лиам Хемсворт, Џош Хачерсон и Сем Клафлин.







