Мишел Обама блескаше на синоќешниот бал по повод инаугурацијата на Барак Обама. На свечената церемонија, првата дама на САД се појави во долг фустан во боја на рубин.
Црвениот фустан изработен од шифон и кадифе е креиран од младиот дизајнер Џејсон Ву, којшто пред четири години го дизајнираше и фустанот на Мишел за првиот инаугурациски бал посветен на Барак. Со фустанот Мишел носеше обувки од Џими Чу.
„Таа ме инспирира секој ден. Таа ме прави подобар човек и подобар претседател... Јас сум среќен што ја имам“ – со овие зборови Барак го најави доаѓањето на Мишел на сцената.
Среќниот пар танцуваше на песната „Let's Stay Together“ во изведба на Џенифер Хадсон.
Погледнете го танцот на Барак и Мишел: