Французинката стана новата „Мис Универзум“. Ирис Митенер ги победи останатите 85 убавици и беше крунисана на манифестацијата, која оваа година се одржа во Манила, Филипини.
Минатогодишната победничка Пија Алонзо Вуртсбах ѝ ја предаде круната на Ирис.
24-годишната студентка на стоматологија ја однесе круната во Франција, првпат по 64 години. Убавата обожавателка на готвење и патување потекнува од францускиот град Лил.
Мис Хаити беше прогласена за прва придружничка, додека титулата втора придружничка ѝ припадна на Мис Колумбија.
Мис Хаити
Мис Колумбија
Видео од прогласувањето на победничката:
Македонија оваа година немаше своја претставничка на популарниот натпревар за убавина.