Мис Венецуела е „најубавата жена во универзумот“. Привлечната бринета од Венецуела беше крунисана на финалето на „Мис Универзум“ одржано во Москва, Русија.
Габриела Ислер, чие целосно име е Марија Габриела де Хесус Ислер Моралес, е седмата Венецуелка која однела дома круна од „Мис Универзум“. Всушност, во изминативе шест години, титулата „Мис Универзум“ 3 пати ја добила убавица од Венецуела.
Додека Оливија Кулпо ја крунисуваше победничката, тијарата за момент падна од главата на 25-годишната Габриела, но таа ја фати со насмевка.
„Имам многу емоции. Не можам да ги опишам сите нешта што ги чувствувам во моментов, затоа што треперам“ – изјавила таа.
Вкупно 86 убавици од целиот свет се натпреваруваа за престижната титула. Македонија немаше своја претставничка.
Мис Шпанија, Патриција Родригез, беше избрана за прва придружничка.
За втора придружничка беше избрана Констанца Баез од Еквадор.
Во топ 5 влегоа уште и Мис Бразил и Мис Филипини.