Миранда Кер со голема насмевка на лицето застана пред бројните папараци кои чекаа пред нејзиниот дом во Њујорк.

Синооката 30-годишна манекенка била фотографирана додека се упатувала на прошетка заедно со својот мал син Флин.



Истиот ден папараците ја уловиле Кер и во уште едно елегантно издание. Во духот на пролетта, таа носела цветен фустан од Долче и Габана во комбинација со обувки од Кристијан Лобутин.



Миранда во последно време е особено активна на професионален план и повеќе компании како H&M, Wonderbra, Escada и Reebok ја имаат ангажирано како свое заштитно лице.