Миранда Кер е лицето од насловната страница на „Elle“ Јапонија. 30-годишната манекенка позираше пред објективот на Крис Колс.
Облеката од едиторијалот ги рефлектира некои од најголемите трендови – црно-бела игра, панталони со принт, крзно, удобни блузи со декорации...
Фотосесијата е направена за декемвриското издание на списанието.
Неодамна стана јасно дека Кер и нејзиниот сопруг Орландо Блум се разделуваат по тригодишен брачен живот.