Миранда Кер како од мајка родена позираше пред врвниот фотограф Марио Тестино за британското издание на „GQ“.
Во интервју за машкото списание, 30-годишната манекенка зборувала за сексот и односот со Орландо Блум и признала дека не ја исклучува врската со жена. „Ги ценам и мажите и жените. Сакам да истражувам. Никогаш не вели никогаш“ – рекла таа.
Синооката Австралијка минатата година објави дека со Орландо одлучиле да се разделат по три години брачен живот. Во новото интервју таа зборувала и за тоа како сексот влијае на нејзиното тело и открила дека имала многу непристојни понуди од различни лица.
„Едно нешто што го имам забележано е дека сега кога имам помалку секс, моето тело не е толку тонирано. Колку повеќе секс имам, толку подефинирани ми стануваат рацете и стомакот. Со Орландо имавме одлична хемија. Врските за една ноќ не се за мене. Орландо мораше да чека шест месеци пред да го бакнам...“ – рекла таа.
„Се состанувам. Ми се допаѓа тоа. Двајца среќни родители се подобри отколку двајца несреќни родители. Ова е моето време за истражување и забава. Не барам повторно брзо да се заљубам... Сум добивала луди, бесмислени предлози – работи кои не сте ги виделе дури ни во филмовите“ – дополнила Кер во отвореното интервју.