Кога не е на црвениот тепих, Мила Кунис го преферира опуштениот изглед. Славната актерка била фотографирана во лежерно издание на прошетка низ Лондон.

29-годишната ѕвезда го покажала природниот изглед за време на посетата на британската метропола по повод премиерата на новиот филмски хит „Oz: The Great and Powerful“.

Иако редовно е вбројувана меѓу најсексапилните жени на светот, Мила не сака нејзиниот успех да се поврзува со надворешниот изглед. „Мораш да ја темелиш својата кариера на нешто друго освен на тоа да си број еден девојка на листата FHM топ 100. Изгледот некој ден ќе умре, а потоа, што ќе ти остане?“ – изјавила таа.
