Мила Кунис пред девет дена го донесе на овој свет синчето Димитри. За првпат по породувањето, 33-годишната актерка беше фотографирана со својот сопруг Ештон Кучер.
Холивудскиот пар релаксирано се шеташе и смешкаше низ улиците во Лос Анџелес.





Ѕвездите од „That ‘70s Show“ стапија во брак во јули минатата година и заедно имаат уште едно дете – ќерката Вајат Изабел.
