Кога Мајли Сајрус беше претставена како нова водителка на MTV VMA, јасно беше дека гледачите ги очекува минимална облека, провокативни движења и скандалозни постапки.
На церемонијата во Лос Анџелес, 22-годишната пејачка пристигна во костум кој потсетуваше на лустер од модната куќа Версаче.
За време на неколкучасовното шоу, Сајрус се пресоблече многупати и ѝ даде на публиката многу „материјал“ за коментирање. Освен што се разголи во луди кич костими, ја покажа едната града пред милионската публика, запали џоинт зад сцената и одглуми кавга со Ники Минаж, таа на крајот соопшти дека објави онлајн бесплатен албум.