Мајли Сајрус и Ријана постојано изненадуваат со промените во имиџот. На актуелните поп-ѕвезди не им претставува проблем да ги менуваат своите фризури со нови бои, надградби и перики.
Сајрус, која пред неколку месеци драстично го промени имиџот со кратка фризура, се појави на настан организиран од радиото KROQ со боб фризура со кратки шишки.
Може да се каже дека Ријана е пејачката со најмногу стилски промени кога станува збор за фризурата. 25-годишната музичка ѕвезда беше фотографирана вчера со долги локни и речиси без шминка.
Преку социјалните мрежи Ријана им соопшти на своите фанови дека спотот со Еминем за песната „Monster“ е во завршна фаза и дека ќе биде објавен наскоро.