Мајли Сајрус ја фрли облеката и целосно се разголи за хуманитарната кампања на Марк Џејкобс. Познатиот дизајнер добро знае дека голотијата привлекува внимание, па затоа се обидува да ја подигне свеста кај луѓето за ракот на кожа преку фотографии од разголени славни личности.
За кампањата „Protect the Skin You’re In“, Сајрус позираше целосно гола, сокривајќи ги само интимните делови од телото.
Фотографијата ќе биде испечатена на маици кои ќе бидат достапни во бутиците на Марк Џејкобс, а сите приходи од продажбите ќе бидат дарени во Институтот за рак во Њујорк.
Мајли не е единствената славна личност која се има соблечено за оваа кампања. Кампањата на познатиот дизајнер претходно ја поддржаа со свое учество и Ирина Шајк, Викторија Бекам, Наоми Кембел, Хелена Кристенсен, Дита Вон Тис и Хајди Клум.