Лупита Нионго донесе на оскаровскиот црвен тепих дожд од бисери. 31-годишната актерка освојуваше со грациозност и префинет фустан со повеќе од 6.000 бисери.
Белата креација од модната куќа Келвин Клајн го прегрнуваше телото на Нионго и пленеше со богатата текстура.
Франциско Коста, креативниот директор на Келвин Клајн, изјавил дека неколку месеци соработувал со атрактивната актерка. „Работејќи заедно со Лупита во изминативе неколку месеци, одлучивме да искористиме природни бисери за да креираме навистина модерен, безвременски фустан“ – рекол Коста кој рачно ја изработил впечатливата креација.
Лупита го финишираше својот оскаровски изглед со обувки од Николас Кирквуд и обетки од Шопард.