Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Луксузната роденденска забава на близначињата на Мараја Кери

ФОТО: Луксузната роденденска забава на близначињата на Мараја Кери

Мараја Кери и нејзиниот сопруг Ник Канон ги објавија фотографиите од луксузната забава по повод првиот роденден на нивните близначиња, Монро и Морокан.

Мараја, Ник и близначињата

Забавата се одржа на 30 април во Париз. Од фотографиите може да се види дека малите Монро и Морокан изгледаа исто елегантно колку и нивните родители. Меѓу подароците на среќните едногодишни близначиња можеше да се забележи мини Ферари, дрвено коњче за нишање, куќа за кукли и минијатурно бело пијано.

Мараја и Монро Морокан Монро и Морокан

30 април е специјален ден за познатото семејство. Освен роденденот на близначињата, на овој датум Мараја и Ник слават и годишнина од бракот.

Мараја и Монро Мараја и Монро

Три дена пред роденденската забава, Мараја и Ник ги обновија брачните завети на Ајфеловата кула во Париз. За нив обновувањето е традиција која ја негуваат секоја година. „Морам да го правам тоа секоја година. Ако си женет за Мараја Кери, ќе сакаш да се жениш со неа секоја година! Морам да продолжам да го правам тоа за да се уверувам дека е реално“ – објаснил Ник.

Мараја и НикМараја и Ник по обновувањето на брачните завети во Париз

Посетата на Мараја на градот на светлината не помина без врева. Семејството беше следено од обожавателите и фоторепортерите насекаде. Мараја денес објави и видео од посетата на Париз. Во него може да се види како Мараја и Ник се на шопинг низ луксузните бутици за деца, а исто така и нивното качување на Ајфеловата кула. Погледнете го:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20818 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.