Луисана Лопилато и Мајкл Бубле неодамна го проширија своето семејство со второ дете. Популарниот пар беше фотографиран со малите деца во Ванкувер.
На фотографиите, 28-годишната актерка внимателно го носи во рацете малиот Елијас, додека 40-годишниот пејач ја турка количката со заспаниот 2-годишен син Ноа.



Луисана, кај нас позната по улогата по серијата „Млади бунтовници“, пред неколку дена сподели на социјалните мрежи слатка фотографија од малото бебенце.

Луисана и Мајкл стапија во брак во 2011 година, а првиот син Ноа им се роди во август 2013 година
