Линдзи Лохан и Џејми Ли Кертис се обединија повторно. Повод за тоа е снимањето на продолжението на нивниот филмски хит „Freaky Friday“.
Славните актерки повторно ќе влезат во улогите на Тес и Ана Колман, мајка и ќерка кои си ги заменија телата, принудени да искусат како е да го живееш животот на другата личност.
Филмската екипа ја објави првата фотографија од снимањето. На неа, Џејми и Линдзи позираат заедно држејќи се за рака.
Потсетете се на првиот дел од „Freaky Friday“, чија премиера беше во 2003 година.