Лејди Гага се прослави со својата откачена ексцентрична облека и екстремен стил на облекување што ретко кој друг би го прифатил.
И кога мислевме дека веќе видовме сè (енормно високи чизми и чевли, трикоа со нестандардни модни додатоци и футуристички фризури) и дека ништо повеќе не може да нè изненади, Лејди Гага се насочи во друга крајност.
Таа во Лондон позираше како маж за фотографот Ник Најт. Фотографиите на кои е прикажана Гага во машка облека треба да се појават во септемвриското издание на Vogue Hommes во Јапонија.
Можеби овие фотографии се по идеја на Гага, во одговор на гласините дека таа е хермафродит. Во минатото Гага имаше изјавено: „Ги сакам гласините дека имам пенис. Фасцинирана сум од нив“.