Лејди Гага и Тејлор Кини планираат да запливаат во брачните води. Славната пејачка го прифатила предлогот за брак на Кини на Денот на вљубените.
Веста за свршувачката Лејди Гага ја објави на Instagram и сподели фотографија од големиот прстен. „Тој ми го даде своето срце на Св. Валентин и јас реков ДА!“ – напиша таа.
28-годишната пејачка и 33-годишниот актер се во врска четири години. „Тој е вистинскиот“ – изјави во една прилика среќната идна невеста.