Лејди Гага и Тејлор Кини се разделија по 5 години заедно. 30-годишната пејачка потврди дека ја раскина свршувачката со 35-годишниот актер и модел преку објава на Instagram.
На популарната социјална мрежа, Гага сподели фотографија со Кини и во описот напиша: „Тејлор и јас отсекогаш верувавме дека сме сродни души. Исто како и сите други парови, имаме подеми и падови во врската и сега сме на пауза. И двајцата сме амбициозни артисти и се надеваме дека ќе успееме и покрај врската на далечина и комплицираните распореди да ја продолжиме љубовта која отсекогаш сме ја делеле. Ве молам бодрете нè. Ние сме како сите други и навистина се сакаме еден со друг.“
Лејди Гага и Кини беа во врска 4 години пред тој да ѝ предложи брак. Тие се верија на Св. Валентин минатата година.
Славната музичарка деновиве беше фотографирана без Кини и без вереничкиот прстен на одмор во Лос Кабос, Мексико.