Кога ќе се спомене името Лејди Гага, веднаш нè асоцира на луди костими и ексцентрична шминка, која понекогаш толку го менува нејзиниот лик што ни е тешко да ја препознаеме.
Затоа, особено е чудно да ја видиме Гага без шминка. 25-годишната пејачка ги поздрави своите следбеници на Twitter со фотографија на којашто нема шминка.
„Имајте убав ден“ – им порача таа на повеќе од 21 милион свои следбеници.
Со свежо чисто лице и цвет во косата, Лејди Гага покажа нешто сосема поразлично од она што сме навикнати да го гледаме од неа.
Неодамна Лејди Гага учествуваше во шоуто на Опра, каде што изјави дека во блиска иднина не планира да се појавува во медиумите и да дава интервјуа. За потребите на шоуто, Опра гостуваше во домот на Лејди Гага.