На 1-ви декември, многу холивудски ѕвезди меѓу кои и Лејди Гага се откажаа од својата активност на Facebook и Twitter со цел да соберат пари за да ја потпомогнат борбата против ХИВ/СИДА.
Тие го означија стартот на нивната дигитална смрт во средата и ветија дека ќе останат офлајн сè додека не бидат собрани 1 милион долари.
Но, кампањата наречена „Digital Life Sacrifice“ очигледно не е толку успешна како што било планирано. Два дена по почетокот биле собрани едвај 200 000 долари.
Лејди Гага премногу сериозно си ја сфати дигиталната смрт и за да привлече поголемо внимание кон кампањата, таа вчера се појави во бутик на Шанел во Милано облечена како мртовец.
Повеќе од очигледно е дека Гага не планирала да пробува облека, затоа што сигурно ќе ѝ беше потребно многу време за да го соблече и повторно да го облече нејзиниот најнов црн костим.
Во несекојдневната кампања организирана од Алиша Кис учествуваат и Џастин Тимберлејк, Ким Кардашијан и нејзината сестра Клои, Ашер, Џенифер Хадсон, Рајан Сикрест, Серена Вилијамс и многу други. Тие снимија и видео во кое се прикажани повеќето од нив во мртовечки ковчези.