Лејди Гага ја објави печатената реклама за својот прв парфем „Fame“. На фотографијата провокативната пејачка е целосно гола, а врз нејзиното тело се искачуваат минијатурни мажи.
Пред нејзините мали чудовишта да имаат можност да ја видат рекламата, 26-годишната ѕвезда сподели дека има трема, но дека резултатот ја прави горда.
Фотографијата е дело на прочуениот фотограф Стивен Клајн.
Парфемот на Гага по нејзина желба е во црна боја. Тоа е првиот црн парфем на светот, но откако ќе прснете станува проѕирна течност.
Ренато Семерари, претседателот на компанијата „Coty Beauty“ која стои зад парфемот, изјавил дека Гага е одличен артист кој секогаш се стреми кон нешто ново и поинакво. „Таа е артист кој никогаш не е задоволен со статус кво... Има свои идеи и многу често тие се многу интересни и полни со предизвик“ – изјавил тој.
Лејди Гага објаснила и зошто го нарекла парфемот „Fame“ (Слава). „Славата е илузија – ако навистина ја сакаш, секој може да ја има“ – објаснила таа во интервју за WWD.
Иако минатата година првите информации за парфемот на Лејди Гага открија дека таа сакала парфемот да има ноти на крв и сперма, новата арома всушност е овошно цветна и се фокусира околу беладона.