Почетна » Новости » Занимливости » Емотивно: Татко танцува со ќерката во болница пред да ѝ биде направена трансплантација на срце

Емотивно: Татко танцува со ќерката во болница пред да ѝ биде направена трансплантација на срце

Видео од емотивен момент нема да ве остави рамнодушни.

Во него, татко танцува со својата ќерка во болница додека таа го чека денот кога ќе ѝ биде извршена трансплантација на срце.

10-годишната Ава Купер поради здравствената состојба морала да престојува во болница и била принудена да ја пропушти школската забава на која татковците танцуваат со ќерките.

Затоа, нејзиниот грижлив татко решил да ѝ организира токму таква игранка во болничките простории. Слаткото девојче се дотера во розово фустанче и со помош на медицинските сестри се упати на местото каде беше изненадувањето.

Ава мора постојано да биде приклучена на апарат кој помага во пумпањето крв низ целото нејзино тело.

Видео:

Ава Ава Ава Ава Ава Ава

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24435 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.