Лејди Гага и Мајкл Полански за првпат беа фотографирани заедно во јавност по откривањето на веста за нивната свршувачка.
38-годишната пејачка и актерка пристигна во Венеција за премиерата на својот нов филм „Joker: Folie à Deux“ и беше придружувана од својот вереник.
На папараци фотографиите, од нејзината лева рака блеска големиот веренички прстен.
Гага носи кратко црно фустанче со точкест принт и панделка во делот кај стомакот. Неодамна се ширеа гласини дека е бремена, но таа ги негираше шпекулациите.
#LadyGaga and #MichaelPolansky are giving us a reason to smile. #VeniceFilmFestival pic.twitter.com/njcRb2G01o
— E! News (@enews) September 2, 2024
@yahooaustralia What a RING. #ladygaga #redcarpet #venicefilmfestival #ladygagaedit #engagementring #yahooaustralia ♬ bad romance - jay