Леонардо Дикаприо заведува од насловната страница на февруарското издание на „August Man“.
Холивудскиот шармер, кој го има освоено срцето на многу долгоноги манекенки и уште илјадници други негови обожавателки, во интервју за списанието зборувал за возраста и актерството, а споделил и дека е особено активен на тема заштита на животната средина.
„Големата 40-ка сè уште ми нема влезено во потсвеста. Сметам дека е многу важно да погледнеш наназад на изборите кои си ги направил и да преанализираш каде сакаш да ти се движи животот и работите кои сакаш да ги направиш како индивидуа“ – изјавил 38-годишниот актер.
„Како актер секогаш правам сè што е возможно да раскажам одлична приказна на навистина артистичен начин, но на крајот, не можеш да знаеш како ќе одговорат критичарите и публиката. Тоа секогаш е еден вид мистерија при снимањето филмови и во тоа е забавата, предизвикот и возбудата на ова што го правам. Мојата цел е да продолжам да работам одлично... Немам запрено и се надевам дека работата нема да запре“ – дополнил тој.
„Работата поврзана со животната средина и активизмот ми остануваат приоритет. Создадов фондација која се фокусира на подигнување на свеста на јавноста за многу важни проблеми кои ја засегаат нашата планета и нашата средина, како и влијанието кое ние луѓето го имаме на светот во кој живееме... Тоа не е само искуство кое неверојатно ме исполнува, туку и ме има однесено на некои од најинтересните и најубавите места на светот“ – открил Дикаприо, кој оваа година ќе го промовира својот најнов филм „The Great Gatsby“.