Лана Дел Реј позира на плажа за канадското списание Fashion. За насловната страница, 26-годишната музичка ѕвезда носи бело здолниште на Pink Tartan и плетен бел градник од креаторката Кетрин Маландрино, додека на останатите фотографии се појавува во креации на Долче и Габана и Шанел.
Фотосесијата била направена од Марк Вилијамс и Сара Хиракава.
Во интервју за списанието, Лана зборувала за жените на кои им се восхитува. „Верувам во Ејми Вајнхаус. Знам дека повеќе не е со нас, но верувам дека таа беше тоа што беше и на тој начин постапи правилно. Би рекла дека и актерката Лорен Бекол постапи правилно. Таа никогаш не дозволи некој да ја убеди да биде нешто што не е. Таа беше силна. Секогаш изгледаше како да знае што прави“ – изјавила Лана.
Коментирајќи ја својата музичка филозофија, таа изјавила - „Ајнштајн рече: твојата фантазија е многу поважна од интелигенцијата, а јас имам многу, многу голема фантазија. Обожавам да живеам во мој внатрешен свет и никогаш нема да престанам да барам влијанија и визии за мојата уметност.“