Кристијано Роналдо со малиот син се релаксира на тропските плажи на Бахами. Популарниот фудбалер беше фотографиран додека се забавуваше со Кристијано Џуниор.
Малиот син на 30-годишниот Португалец пред неколку дена го прослави својот петти роденден.




Роналдо стана татко во 2010 година. Идентитетот на мајката до ден-денес не е познат. Со согласност на мајката, Роналдо доби целосно старателство над малото момче.
Неодамна тој изјавил дека би сакал неговиот син да ги следи неговите стапки во светот на фудбалот. „Би сакал тој да игра фудбал, да биде мој наследник, но ќе видиме што ќе се случи. Мојот син ќе биде сè што ќе посака“ – рекол тој.













