Кристина Агилера ја претстави пред јавноста слатката ќеркичка Самер Рејн (Summer Rain – Летен дожд). Фотографиите од малото девојче ги објави списанието „People“.
Кога Агилера се породила пред шест месеци, веднаш се заљубила во својата ќерка. „Занемев. Таа буквално беше како ангел... Се почувствував необјасниво поврзана со неа и со нејзиниот дух“ – рекла музичката дива.
34-годишната пејачка, која е мајка и на шестгодишниот Макс, вели дека децата ѝ се најважни на светот. „Тие се центарот на мојот универзум“ – изјавила таа.
Самер Рејн е прво дете на Агилера со нејзиниот свршеник Метју Ратлер. Парот е во врска од 2010 година.