Криси Тиген мамеше погледи во гламурозен готски стајлинг на премиерата на „Убавицата и ѕверот“ во театарот „El Capitan“ во Холивуд.
31-годишниот модел го привлекуваше вниманието на присутните и на фоторепортерите во бордо креација со реси од Raisa & Vanessa, која ја надополни со накит од EF Collection и чанта од Edie Parker. Тиген го придружуваше сопругот Џон Леџенд, кој за филмот го препеа хитот „Beauty and the Beast“ со Аријана Гранде.











На настанот, парот изјави дека со нетрпение чека нивната ќерка да порасне за да може да го гледа филмот. „Таа сè уште нема трпение да гледа филм, но и тоа ќе дојде. И ќе биде многу горда на татко си“ – изјавил Леџенд.
Криси на Instagram сподели фотографија со ќерка си Луна пред да тргне на свеченоста.

Видео од песната „Beauty and the Beast“ во изведба на Џон и Аријана: