Синоќа беше промовирано овогодишното издание на Sports Illustrated посветено на костимите за капење, а на забавата присуствуваа многу славни личности.
Криси Тиген донесе дел од јапонската култура на црвениот тепих. 31-годишниот модел позираше покрај сопругот Џон Леџенд во фустан инспириран од јапонското кимоно и високи чизми над колената. Парот славеше што Криси е дел од Sports Illustrated Swimsuit 2017.









На настанот, Криси и Џон се фотографираа и со младоликата Кристи Бринкли и нејзината 18-годишна ќерка Сејлор. 63-годишната Бринкли исто така е дел од новото издание на Sports Illustrated, за кое позираше со ќерките во костими за капење.
