„Изгледаш како божица“ – ѝ рече Џон Леџенд на сопругата Криси Тиген на манифестацијата по повод доделувањето на прстижните награди Oскар.
31-годишниот модел изгледаше атрактивно и елегантно додека чекореше покрај својот сакан на црвениот тепих во Долби театарот во Лос Анџелес. За настанот, Криси избра бела креација со сребрени детали од дизајнерот Зухаир Мурад и сандали од Стјуарт Вајцман. Како и секогаш, Леџенд носеше костум Од Гучи.


















Во текот на вечерта, 38-годишниот пејач, кој има споредна улога во „La La Land“, настапи со две песни од познатиот мјузикл.