Џон Леџенд беше придружуван од својата сопруга Криси Тиген на доделувањето на наградите „Златен глобус“. На манифестацијата филмот „La La Land“, во кој Леџенд ја толкува споредната машка улога, освои најмногу награди.
На црвениот тепих, Криси шармираше покрај 38-годишниот музичар во сива креација со златни детали од Marchesa, сандали од Стјуарт Вајцман, чантичка од Џими Чу и накит од Лорејн Шварц.










31-годишниот модел се пошегува со својот сакан на Twitter, нарекувајќи го „губитник“, откако организаторите на манифестацијата погрешно го напишаа презимето на Леџенд.
Bahahaha loser pic.twitter.com/bYNgxOFM8z
— christine teigen (@chrissyteigen) January 9, 2017
Подоцна, Криси се преоблече во црна креација за забавата по повод „Златен глобус“ организирана од Warner Bros. Парот изгледаше среќно и заљубено додека позираше пред фоторепортерите на црниот тепих.








