Карл Лагерфелд знае како да направи спектакуларна ревија која ќе го привлече светското внимание. Минатата негова модна презентација ги однесе гостите во „ледена палата, односно ноќен клуб од друга планета“, а вчерашното шоу се одржа во огромен фиктивен супермаркет.
Во првиот ред беа резервирани места за Кира Најтли и Ријана, кои носеа креации од колекцијата висока мода на Шанел за сезоната пролет/лето 2014.
Со црно-белата креација која ја потенцираше нејзината тенка половина, Најтли поттикна многу коментари. Многумина коментираат дека талентираната актерка е преслаба, дури и ја поврзуваат со анорексија, и покрај тоа што креацијата создава илузија за потенок струк.
Ријана, која беше гостинка на многу од ревиите одржани во Париз, исто така избра младешка креација од високата мода со акцент на половината.
Кара Делавин ја отвори ревијата на познатата француска модна куќа во која доминираше спортски шик.