Кејт Мос е како од мајка родена на фотографиите за рекламната кампања на компанијата за тен St. Tropez.
39-годишната манекенка ја фрли облеката за да го покаже бронзениот тен, добиен благодарение на кремовите за самопотемнување на успешниот бренд.
Кејт, која е новото заштитно лице на St. Tropez, открила дека ги користи нивните производи веќе 15 години и дека добиениот тен ѝ дава поголема самодоверба.
„Многу сум возбудена што работам со St. Tropez. Ги користам нивните производи уште од самиот почеток и тоа е доверлив и кул бренд... Пред 15 години, кога за првпат одев на Ибица, не сакав да бидам единствената бела личност на плажата, па избрав St. Tropez“ – изјавила Мос.