Кејт Аптон е девојката која со своите облини го покори модниот свет. Не може да се каже дека русокосата 20-годишна Американка има телесна градба на типичен модел. Со своето позаоблено тело и забавниот карактер, Аптон успеа за кратко време да стане миленичка кај посилниот пол, но и еден од најбараните модели во модниот свет.
Откако блесна во италијанскиот „Вог“, Кејт доби покана од Ана Винтур да ја краси и насловната страница на јунското издание на американскиот „Вог“.
Фотосесија со Аптон била направена во Уругвај, а зад фотоапаратот стоел легендарниот Марио Тестино.
На фотографиите привлечниот модел позира во креации и модни додатоци од Живанши, Шанел, Дона Каран, Оскар де ла Рента, Гучи, Стела Мекартни, Макс Мара, Том Форд, Џејсон Ву, Долче и Габана, Мајкл Корс и Маноло Бланик.
„Чујте, таа е екстремно секси. Две нешта се екстремно привлечни – здравјето е убавина и самодовербата е убавина“ – изјавила креаторката Дајен вон Фирстенберг за изгледот на Аптон.
Освен што успешно се пробива во светот на модата, Кејт влегува и во Холивуд со своите актерски способности. Нејзиниот најнов филмски проект е „The Other Woman“, во кој таа ќе глуми заедно со Камерон Дијаз и Лесли Ман.