Кејт Аптон го поддржа сопругот Џастин Верландер на настан посветен на MLB All-Star Game.
На свеченоста во Лос Анџелес, 30-годишниот модел и 39-годишниот спортист беа придружувани од 3-годишната ќеркичка Џеневив.
Убавата Американка носеше краток бел фустан со еден ракав, слаткото девојче изгледаше неодоливо во жолто фустанче, додека Џастин носеше костум во кремова нијанса.
Кејт и Џастин се заедно од 2014 година, а стапија во брак во 2017 година.