Кејт Аптон редово ги краси изданијата на „Sports Illustrated“ посветени на костими за капење, но овогодишната фотосесија не мина беспрекорно.
25-годишниот модел топлес позираше на карпа во здолниште со тул, кога беше турната од силен бран. Аптон за среќа помина без повреди, па слатко се насмеа заедно со екипата за малата незгода.
Фотосесијата се снимаше на плажите на Аруба.
ВИДЕО
Погледнете и други фотографии од Аптон кои ќе се најдат на страниците на популарното списание.