Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Кендис Сванапул секси за „Вог“ Австралија

ФОТО: Кендис Сванапул секси за „Вог“ Австралија

Кендис Сванапул го разголи своето тело за јунското издание на австралискиот „Вог“.

Русокосата манекенка, која била откриена на пазар во Јужна Африка кога имала само 15 години, позираше во секси спортска облека, како и во диви комбинации во доминатрикс стил.

Фотографиите биле направени на улиците на Париз.

Во интервјуто за списанието, Кендис споделила дека работата како модел не се разликува од која било друга работа на светот. „Си поставувам цели и се обидувам да правам проекти во кои верувам. Важно е да се поставуваш себеси во ситуации кои те принудуваат да учиш и да растеш и да бидеш инспириран. Токму затоа многу уживам додека правам едиторијал, секоја фотосесија е различна“ – изјавила таа.

Кога не е пред објективите, Кендис вели дека преферира лежерен стил и најчесто носи избелени црни фармерки со висок струк, бела маичка и чизмички.

За нега на кожата на телото открила дека користи кокосово масло и дека во слободните денови ја избегнува шминката.

Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23327 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.