Започнаа финалните подготовки за шоуто на Victoria’s Secret. Париската ревија на популарниот бренд за долна облека ќе започне наскоро.
Зад сцената, армија шминкери и фризери ги разубавуваат десетиците модели кои ќе дефилираат на пистата во Grand Palais.
За време на процесот на разубавување, фоторепортерите ги уловија Кендал Џенер и Ирина Шајк без шминка.
Ова е втора VS ревија на Кендал, додека Ирина за првпат ќе биде дел од овој спектакл.