Кара Делавин заедно со својата девојка присуствуваше на ревијата на Барбери во Лондон. 23-годишниот модел од првите редови го набљудуваше модното шоу, на кое беше презентирана колекцијата пролет/лето 2016 на популарниот британски бренд.
На дел од фотографиите, Кара и нејзината девојка Ени Кларк, позната како Сент Винсент, си разменуваат љубовни погледи. Популарната манекенка ја потврди својата врска со Кларк во јуни оваа година.



Делавин носеше креација од колекцијата ресорт 2016 на Барбери.








На ревијата присуствуваше и Кејт Мос, која заедно со Делавин има цврста соработка со Барбери.


