Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кара Делавин ги разголи телото и душата за Esquire, зборуваше за депресијата и мрачните моменти

Кара Делавин ги разголи телото и душата за Esquire, зборуваше за депресијата и мрачните моменти

Кара Делавин моментално го промовира својот нов филмски проект „Suicide Squad“. Во рамките на медиумската турнеја, таа сними фотосесија за британското издание на Esquire.

На црно-белите фотографии кои ги потпишува Сајмон Емет, Делавин позира разголена.

Во интервјуто за машкото списание, таа зборувала за убавината, работата како модел, депресијата и самоубиствените мисли. „Работењето како модел не е нешто што го сакам. Отсекогаш сум го гледала како работа. Никогаш не било моја страст“ – изјавила Кара.

Иако е едно од најпрепознатливите и најбараните лица во модната индустрија, Кара вели дека никогаш не се чувствувала како убавица, туку повеќе како „мал гремлин“. „Има девојки кои се убави цело време. Јас не сум. Јас сум чудак“ – вели таа.

Кара Делавин Кара Делавин

За депресијата и мрачниот период од нејзиниот живот, таа изјавила:

„Мислам дека почнав да се соочувам со депресијата кога имав околу 16 години. Јас многу добро можам да ги потиснувам емоциите и да изгледам добро. Како дете морав да бидам добра и силна, бидејќи мајка ми не беше. Па, кога станав тинејџерка и дојдоа хормоните и притисокот да бидам успешна на училиште (за родителите, не за себе), тогаш доживеав нервен слом.“

„Имав самоубиствени мисли. Сфаќав дека сум имала среќа и дека сум привилегирана, но сè што посакував беше да умрам. Чувствував вина заради тоа и се мразев себеси заради тоа и тогаш тоа станува циклус. Не сакав повеќе да постојам. Сакав секој молекул од моето тело да се распадне. Сакав да умрам.“

„Ќе избегав во шума и ќе испушев пакета цигари, а потоа ќе си ја удрев главата во дрво, затоа што сакав да се онесвестам.“

„Потоа, до 18 години бев како здрвена. Не чувствував ништо. Беше ужасно. Бев како социопат. Кога нешто беше смешно, ќе се поднасмеев заради тоа што другите луѓе се смееја, но отпосле одма ќе престанев бидејќи не сум многу добра во преправање.“

„Мразам лекови. Сметам дека тие ми го спасија животот и веројатно ѝ го спасија животот на мајка ми, но не ми годат. Лесно е да ги злоупотребиш.“

Еден ден таа престанала да ги пие своите лекови. „И таа недела ја изгубив невиноста, влегов во расправии, плачев, се смеев. Тоа беше најубавото нешто на светот, да чувствуваш повторно. Сè уште станувам депресивна, но радо би се справувала со тоа сама, одошто пак да бидам зависна од лекови.“

Кара Делавин Кара Делавин

На прашањето што посакува за себе во иднина, таа одговорила: „Да бидам среќна и да се чувствувам задоволна и исполнета.“

Кара Делавин Кара Делавин Кара Делавин Кара Делавин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20845 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.