Кара Делавин активно го промовира својот најнов филм „Paper Towns“. На премиерата во Њујорк, 22-годишниот модел доби поддршка од свои пријатели и од својата девојка.
Познатата Британка позираше пред фоторепортерите во блескав фустан од Сен Лоран.



На свечената премиера присуствуваше и девојката на Кара, Ени Кларк, позната како Сент Винсент.



Неодамна Кара во интервју за „Вог“ призна дека е пресреќна во врската со Ени. „Тоа што сум заљубена во мојата девојка многу придонесува за тоа што се чувствувам среќна со она што сум деновиве“ – изјави таа.



